стаклен
стаклени
Вид збор: Придавка
Ранг: 2797
1.
Кој се однесува на стакло, направен од стакло; кој има стакло.
Англиски:
glass
Стаклена маса.
Стаклена чаша.
Стаклено око.
Стаклена вазна.
Стаклена врата.
Стаклена бавча.
Стаклена волна.
Стаклена хартија.
2.
Кој има својство на стакло, сличен на стакло.
Примери:
Стаклен блесок.
Стаклен ѕвон.
3.
За очи, поглед - безживотен, студен.
Примери:
Го посматраше со стаклен поглед.
Изрази
На стаклени нозе - несигурен.