стои
стојат; стој, стојте; стоев, стоеја; стоел; стоен; стоејќи; стоење; стојав, стојаа; стојал; стојан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 191
1.
Се наоѓа на нозе, исправен, не мрда од местото.
Примери:
Стои под дрвото.
Ја гледав претставата стоејќи.
3.
За транспортни средства - се задржува.
Примери:
Возот стои по пет минути на секоја станица.
Слично со:
задржува (несв.)
4.
Се наоѓа на определено место.
Англиски:
locate
Албански:
vendndodhje
Книгите стоеја во чантата.
Стои на масата.
5.
Се наоѓа во извесни односи, врски со некого.
Албански:
vendosje
Веќе не стои добро со лекарот.
6.
Останува без работа, не дејствува; се наоѓа во застој.
Примери:
Не стојте, работете.
Работата ми стои.
7.
(само во 3 л.) Се поставува, суштествува; се наоѓа во некаква состојба.
Примери:
Кои прашања стојат сега пред нас?
Како стои работата со него?
9.
Само во императив - извик, команда со значење: престани или престанете да работиш, да се движиш или да работите, да се движите.
Англиски:
stop
Албански:
ndalu / ndaluni
Стој(те)!
Изрази
Му стои на патот - му смета.
Стои в сенка - работи вон јавноста.
Стои зад некого - поддржува.
Стои здраво на нозете.
Стои како на трње (игли).
Стои на зборот - држи ветување.
Стои на своето - останува на своето.
Стои на стража.
Стои настрана - не се меша.
Стои на чело - води.
Стои со скрстени раце - чека.