стопан
мн. стопани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3011
1.
Сопственик на нешто, лице што поседува некаков вид имот.
Примери:
Јас сум стопанот на нивава.
Стопанот на лозјето донесе ручек на аргатите.
Стопанот на куќата барал многу пари за неа.
Слично со:
сопственик (м.)
2.
Домаќин, глава на семејството.
Примери:
Татко му беше добар стопан.
Нека излезе стопанот на куќата.
Слично со:
домаќин (м.)
3.
господар, работодавач
Англиски:
master
Момокот ги извршуваше сите задачи што ќе му ги наложеше стопанот.
Кучето весело почна да врти со опашката кога го виде својот стопан.
Слично со:
господар (м.)
Изрази
(разг.) Песната стопан нема - секој може да пее како сака.