а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

страк

мн. стракови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10525
1. Дел од надземниот дел на растението со листови и цвет.
Англиски: stalk Албански: kërcell
Примери:
еден страк тутун
страк босилек
2. парче дрво, борина
Англиски: kindling Албански: trung
Примери:
страк борина
3. Млада билка за расадување.
Англиски: seedling
Употреба: Земјоделство
Примери:
Набави семе и стракови од неколку видови цвеќе.
4. Прибор за фаќање риба, долг тенок канап со јадици на него, што се остава, обично ноќе, во водата.
Примери:
Стариот рибар ги редеше страковите со јадици покрај чунот.
Тој го фати едниот крај од стракот со врзан поголем камен за него и го спушти полека во водата.