а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стушен

стушениот
Вид збор: Придавка
Ранг: 20936
1. наоблачен, матен, темен
Англиски: cloudy
Примери:
Матен и стушен осамнал денот.
стушен хоризонт
Во едно стушно зимно попладне излегоа надвор.
2. намуртен
Примери:
Доаѓаа по патот стушени и ужалени.
стушено лице
3. (глаг. прид.) стуши
Изведенки
стушено прил.
Пример: Го гледа стушено.