та
Вид збор: Сврзник
Ранг: 204
1.
При сврзување глаголи со последователност на дејствата.
Англиски:
and
Едно пиле идеше, та му велеше.
Седнала, та непрестајно плакала.
И направиле три крстови, та го распнале.
2.
Со последично значење.
Англиски:
so
Ѓаволот влезе во неа, та се свампири.
Беше болен некое време, та му остана работата недовршена.
3.
За спротивставување и сопоставување.
Додека бев млад тоа не го сторив, та сега ли ќе го сторам.
Виде, не виде, Јанкула, та ѝ кажа на жена си.
4.
При засилување со сродно дејство, плеонастично со „дури“.
та дури
Ќе ми плати, та дури ќе ми преплати.