така
Види и:
така (прил.)
Вид збор: Честичка
Ранг: 1964
1.
за потврдување и согласност
Потоа ми рече да ги скријам парите - така, понатаму!
Да, така е.
2.
за изразување неопределеност
Ете, така, излегов да се прошетам, без никаква цел.
3.
(за потцртување на смислата на зборот со кој се сврзува) како така
Денеска не одам на училиште. - Како така не ќе одиш!
4.
и така натаму (итн.)
Англиски:
etc.
Не сакам да ме прашувате зошто синоќа играв, пеев, пиев и така натаму.