а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тап

тапи
Вид збор: Придавка
Ранг: 6162
1. За сечило - што не е доволно остар, што не сече добро.
Англиски: blunt Албански: i topitur
Примери:
тап нож
тапа секира
2. За врв - што не е доволно шилест.
Албански: i pagdhendur
Примери:
тапа игла
тап нос
3. За звук, глас - не звучен, не остар, глув.
Англиски: dull Албански: i shurdhët
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се чу тапо чукање.
тапи чекори
тап глас
4. За болка или друг усет.
Англиски: dull Албански: e mbytur
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Чувствувам тапи болки во колковите.
5. За умот или за сетилните органи - недоволно развиен, недоволно восприемлив.
Англиски: dull
Употреба: Преносно значење
Примери:
тап ум
тап слух
6. Умствено ограничен.
Англиски: mindless Албански: i trashë, kokëtrashë
Употреба: Преносно значење
Примери:
тап човек
7. За изглед, израз на лице, поглед и сл.
Англиски: expressionless Албански: i zymtë, i hutuar
Примери:
Лицето му беше безизразно и тапо.
Ме погледна со тап поглед.
8. Поголем од 90 степени.
Англиски: obtuse Албански: i gjerë
Употреба: Математика
Примери:
тап агол