твој
мн. твои
Вид збор: Придавка
Ранг: 226
1.
(зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ти припаѓа тебе.
Англиски:
yours
Куќата е моја, а нивата твоја.
2.
(зам. прид.) Што ти е близок, роднина или пријател и сл.
Англиски:
your
твој маж, твој брат
3.
(зам. прид.) Што е сврзано со тебе или се однесува на тебе.
Англиски:
your
Твоето заминување ме расплака.
Твојата работа не чини.
твојата љубов, твојата добрина
На твое располагање сум.
твоја волја
4.
(зам. прид.) Што е на твоја страна, што ти служи тебе.
Англиски:
yours
Јас ти бев верен, твој - му рекол сиромавиот.
Изрази
(разг.) Нека биде на твоето.
(разг.) На твое место (во твојата положба).