тепа
(се) тепаат; тепал; тепан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1434
1.
Удира, нанесува удари, бие.
Англиски:
beat
Албански:
rrah, godas
Најде едни деца што тепаа едно куче.
Ни ја карам, ни ја тепам.
Ем да се караме, ем да се тепаме и тоа љубов ли е?
Слично со:
бие (несв.)
3.
(преод. и непреод. се употребува и како св.) победи, победува, надвие, надвива
Примери:
Во овој натпревар ние ќе тепаме.
На свој терен тие секогаш нѐ тепаат.
Го тепавме непријателот.
Во последните борби секогаш ние тепавме.
Слично со:
надвива (несв.)
4.
(се тепа) се бие
Англиски:
fight
Албански:
rrihem, luftoj
Нашите војници храбро се тепаа со непријателот.
Еј, деца, немојте да се тепате.
Изрази
То тепа времето - безделничи.