тесен
тесни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1185
1.
Што има мала широчина.
Примери:
тесна улица
тесен сокак
тесен пат, тесен премин
тесен колосек
тесни рамена
Спротивно од:
широк (прид.)
2.
За просторија, зграда - што има релативно мали размери, просторно мал, недоволен.
Примери:
тесен стан
тесен простор
3.
За облекло, обувки - помал од потребната мерка, помал од една вообичаена, позната или воопшто друга мерка.
Примери:
Чевлите ми се многу тесни, ме стегаат.
тесен фустан
Сега се на мода тесните панталони.
4.
Кој е без ширина, со помал обем или број.
Примери:
тесни сфаќања
тесна дефиниција
5.
За врски, односи - многу близок.
Примери:
тесно пријателство
тесна соработка
тесни врски
Слично со:
близок (прид.)
Изведенки
тесничок прид.
тесничкиот
дем.
тесничкиот
дем.