а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

техника

мн. техники
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2467
1. Целокупност од орудија и средства за производство; посебно машини и технички, механички уреди.
Англиски: technology Албански: teknikë
Употреба: Технологија
Примери:
развојот на техниката
заостаната техника
воена техника
2. Како област на човечката дејност и како научна гранка.
Англиски: technology Албански: teknologji
Употреба: Образование
Примери:
достигањата на науката и техниката
последниот збор на техниката
Тој студира техника.
3. Целокупност од методи што се применуваат во една работа, занает; владеењето на тие методи.
Англиски: technique Албански: teknikë
Примери:
техника на свирењето, сликањето итн.
фотографска техника
4. Воопшто вештина, умешност, увежбаност во нешто.
Англиски: skill Албански: teknikë, mjeshtëri
Примери:
Тој играч има добра техника, но не е доволно борбен.
Изрази
Курафте техника.