а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тивок

тивки
Вид збор: Придавка
Ранг: 1113
1. Не многу гласно, не силен, нечуен или скоро нечуен.
Англиски: quiet Албански: i qetë
Примери:
со тивок глас
тивко смеење
тивко свирење
тивко тропање
2. Бесшумен или скоро бесшумен; исполнет со тишина.
Англиски: silent Албански: i heshtur
Примери:
тивка роса
тивка ноќ
3. За море, езеро, река - неразбрануван.
Англиски: peaceful Албански: i qetë
Примери:
Езерото е тивко и мирно.
4. Што е без врева, без поголемо и шумно движење.
Англиски: silent Албански: i qetë
Примери:
тивка улица
тивко место
5. Што се врши, се одвива, тече без шумни манифестации.
Англиски: quiet Албански: i qetë
Примери:
тивок живот
тивка свадба
6. Што изразува смиреност, кроткост.
Англиски: calm Албански: i qetë
Примери:
тивок човек
тивок поглед
7. Со некои апстрактни именки.
Примери:
тивка радост
тивка жалост
тивка тага