товар
мн. товари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1752
1.
Стока или друго нешто натоварено на товарно животно, на превозно средство и сл.
Примери:
Симне товар од коњ, магаре, кола, брод итн.
(разг.) Си го направи товарот.
2.
Како мерка - определена количина од нешто, колку што се товари обично на едно животно.
Примери:
Пет товари дрва.
магарешки товар, коњски товар
товар грозје
3.
обврска
Примери:
Тоа ми е голем товар.