а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тупка

тупкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9376
1. чука, удира
Англиски: knock Албански: trokas
Употреба: Деминутив
Примери:
Таа никогаш не тупкаше со ногата.
2. Тресе прашина од нешто (со тупалка, тресалка).
Англиски: knock Албански: shkund
Употреба: Деминутив
Примери:
Кога ќе го тупкаме килимов?
3. Одејќи прави шум со нозе.
Англиски: knock Албански: trokas
Употреба: Деминутив
Примери:
Не тупкај кога одиш, ќе те слушне некој.
4. За срце - чука.
Англиски: throb Албански: rreh
Употреба: Деминутив
Примери:
Срцето ти тупка силно.
5. За тапан - чука.
Англиски: drum Албански: zukat
Употреба: Деминутив , Музика и танц
Примери:
Пак тупкаат тапаните.
6. (по рамо) потчукнува, тапка
Англиски: pat Албански: përkëledhje
Употреба: Деминутив
Примери:
Го тупка по рамото.
7. (се тупка) удира, чука
Англиски: beat Албански: godet
Употреба: Деминутив
Примери:
Патриотите постојано се тупкаат в гради.