туѓ
туѓи
Вид збор: Придавка
Ранг: 482
1.
Што не е свој, а му припаѓа на друг.
Примери:
По туѓ грб не боли.
Под туѓо име.
туѓа рака, туѓи грижи
туѓ имот, туѓи деца
туѓ превод
2.
Што не е од куќата, од фамилијата, од местото, од средината, од земјата.
Примери:
Јас не сакам туѓ човек да гледам во својата куќа.
туѓи луѓе, туѓа војска
туѓи авиони, туѓ јазик
3.
За место, крај, земја и сл. - не наш, друг.
Примери:
Во туѓ и непознат крај.
туѓ реон, туѓа земја
4.
Проникнат, примен однадвор, необичен за нас, различен од нашиот.
Примери:
туѓи обичаи, туѓи сфаќања
туѓо влијание
Слично со:
надворешен (прид.)
5.
Што не изразува близост.
Примери:
Погледне со туѓ поглед.
Тој не се зближи со никого, на сите им остана туѓ.
Слично со:
далечен (прид.)
6.
Несоодветен на моите, на нашите чувства, разбирања, обичаи, несвојствен, необичен за нив.
Примери:
Лагата нам ни е туѓа.
Слично со:
необичен (прид.)
Изрази
(разг.) Живее на туѓ грб.
(посл.) По туѓ грб и сто стапови се малку.
(посл.) Туѓата кокошка поголеми јајца снесла.
Туѓи зборови - зборови позајмени од други јазици; заемки.
Изведенки
1.
туѓо ср.
туѓото
Пример: Своето не го даваме, туѓо(то) не (го) сакаме.
туѓото
Пример: Своето не го даваме, туѓо(то) не (го) сакаме.
2.
туѓо прил.