а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

убавина

мн. убавини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 647
1. привлечност, допадливост
Англиски: beauty Албански: bukuri
Примери:
(посл.) Убавината пазар собира, а груботијата куќа врти.
2. добра особина, доблест
Англиски: virtue Албански: vyrtit, mirësi
Примери:
Тој е човек со сите убавини во себе.
3. Убави, добри работи.
Албански: bukuri
Примери:
Имаше на пазар од сите убавини.