увод
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12046
1.
Пристап, дел со кој се пристапува кон една работа, кој воведува во неа.
Увод на книга.
Увод на говор, излагање, расправа и сл.
Слично со:
вовед (м.)
2.
Почеток на дејство, подготовка за некакво дејство.
Примери:
Тоа како да беше увод во драматичните настани што дојдоа подоцна.
3.
Оддел од една наука во кој се излагаат основните поими од таа наука и некои претходни знаења.
Увод во лингвистиката.
Увод во филозофијата.