а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

увод

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12046
1. Пристап, дел со кој се пристапува кон една работа, кој воведува во неа.
Англиски: introduction Српски: увод Албански: hyrje
Примери:
Увод на книга.
Увод на говор, излагање, расправа и сл.
2. Почеток на дејство, подготовка за некакво дејство.
Англиски: introduction Српски: увод Албански: parathënie
Употреба: Образование
Примери:
Тоа како да беше увод во драматичните настани што дојдоа подоцна.
3. Оддел од една наука во кој се излагаат основните поими од таа наука и некои претходни знаења.
Англиски: introduction Српски: увод Албански: parathënie
Примери:
Увод во лингвистиката.
Увод во филозофијата.