а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

укаже

укажат; укажав; укажавме; укажал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3571
1. (непреод.) Покаже, обрне внимание на нешто.
Англиски: point out Албански: rrëfej
Примери:
Му укажа на грешките и слабостите.
2. (преод.) Даде чест, почит.
Англиски: honour Албански: nderoj
Примери:
Му укажаа голема почит.
3. За помош - даде.
Англиски: give Албански: jep
Примери:
Во тоа му укажаа помош напредните студенти.
4. (се укаже) Се појави, даде можност, прилика.
Англиски: get Албански: merr
Примери:
Ако ми се укаже случај.