ум
мн. умови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 279
1.
Способност на човекот да мисли, да сознава, да расудува.
Англиски:
mind
Детскиот ум тоа не може да го сфати.
Ум и разум.
Ти фаќа ли умот дека ќе го препливаш езерото?
Ќе пука, зар не, да не му се меле умот?
Да ти е близу до умот, се живее ли така само од една плата?
2.
мисла, мислење
Англиски:
opinion
На еден ум сме двајцата.
На ум ми е.
Според мојот ум.
Слично со:
мислење (ср.)
3.
паметење
Англиски:
memory
Му влезе тоа во умот.
Таа поука момчето ја беше клало на умот.
4.
совет, поука
Англиски:
advice
Барај од неа ум.
Не слушај туѓи умови.
Ова ќе ми биде за ум.
Продава ум.
Слично со:
совет (м.)
Изрази
(разг.) Му изветреал умот, чавка умот му го испила - не е во состојба да расудува правилно.
Си го губи умот - полудува.
Му го извади умот (од главата). (Таа) му го сврти умот.
Му го мати умот. Му го брка умот.
Му го дотера умот. Го научи на ум.
Му дојде умот (во главата).
Толку му сече (фаќа) умот. Не е (токму) со умот.
Ми се меле умот.
Имаш ли ум во главата? Кај ти е умот?
Кус во умот.
Му дојде на ум.
Умот да ти зајде (застане).
Близу до умот.
Бери ум. Клај го тоа на ум.
Му штукна умот.
На ум се стори.
Си рече со (во) умот. Си велам со умот.
(посл.) Жената е долга во косата, а куса во умот.
(посл.) Ќе му дојде умот, кога ќе си појде кумот - ќе се опамети, ама касно.
(посл.) Главата му обеле, умот не му дојде.
Уште му лета умот (по чавките) - уште е несозреан.
(разг.) Еден ум (е), дали за зиме, дали за лете - кога човек се правда кога нешто заборавил.
Откако ја виде, му остана умот на неа.
Ти се чудам на умот.
Ми се врти во умот.
Со кој ум го стори тоа? - Наивно постапува.
На два ума (е) - се двоуми.
Што му е на ум тоа на друм - кажува отворено што мисли, што чувствува.
Што му е на ум тоа на друм - тоа што ќе го помисли веднаш го кажува, без многу да расмислува.
Изведенки
умиште ср.
мн. умишта
ауг.
мн. умишта
ауг.