а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

услов

мн. услови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 962
1. Околност од која зависи нешто, претпоставка.
Англиски: condition Албански: kusht
Примери:
Со остварувањето на планот ќе се создадат услови за многу побрз понатамошен напредок.
2. спогодба
Англиски: condition Албански: marrëveshje
Примери:
Условите на капитулацијата.
Под услов, со услов.
Ќе те земам за жена само под еден услов: да ја напуштиш службата.
3. (само во мн.) околности
Англиски: circumstance Албански: rrethana
Примери:
Тој е во добри услови.
Според условите.