а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

утврди

утврдат; утврдил; утврден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1738
1. Направи утврда, крепост.
Англиски: fortify Албански: fortifikon
Употреба: Воен термин
Примери:
Го утврдија градот.
Ги утврдија своите позиции.
2. заздрави, закрепи
Англиски: strengthen Албански: përforcoj
Примери:
Ја утврди својата власт.
3. Строго определи.
Англиски: determine Албански: përcaktoj
Примери:
Да се утврди денот на востанието.
Утврдени цени.
4. Узакони, даде законска сила.
Албански: vërteton
Примери:
Утврди план.
Утврди договор.
5. установи
Англиски: state Албански: konstaton
Примери:
Комисијата ја утврди вистинската состојба.
6. (непреод.) установи
Англиски: state Албански: konstaton
Примери:
Утврдивме дека тој ден не дошол на работа.
7. (се утврди) Се подготви за одбрана.
Англиски: fortify Албански: fortifikon
Употреба: Воен термин
Примери:
Нашиот баталјон се утврди зад ридот.