а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

утре

Вид збор: Прилог
Ранг: 1089
1. Во утрешниот ден.
Англиски: tomorrow Албански: nesër
Примери:
Дојди утре кај мене.
Утре изутрина. Утре на пладне.
Утре вечер. (в. утревечер)
За утре (в. заутре)
Со денеска, со утре, (од ден на ден, секој ден): со денеска, со утре, луѓето сѐ со криво око гледале на него.
Гризи денеска, гризи утре, дури го дупна ковчегот.
(разг.) Утре сабајле (изутрина)!
2. Во блиска иднина.
Англиски: soon Албански: pas pak
Примери:
Тој не мисли многу за утре.
Не оставај за утре, не одложувај.
3. (како именка, среден род) иднина
Англиски: future Албански: të ardhmen
Употреба: Книжевен збор
Примери:
За нашето посреќно утре (за наша посреќна иднина).
Изрази
(разг.) Од денеска за утре - од рака во уста.
Денеска нѐ има, утре нѐ нема - животот е краток.
Никој не знае што го чека утре (во најскоро време).
Денеска-утре (ќе биде готово) - во најскоро време.
Изведенки
утре ср.