уф
Вид збор: Извик
Ранг: 5906
1.
За израз на незадоволство, укор, досада.
Уф, бре синко, што стори!
Уф, не можам да чекам повеќе!
Уф, што сум се извалкала!
Уф, како е сето ова несмасно напишано!
2.
За израз на исплашување, на уплав.
уф, што ме исплаши!
3.
За израз на мака, тежина, жал.
уф, што ми е тешко!
уф, мори мајко, што те снајде!