учен
учени
Вид збор: Придавка
Ранг: 3343
1.
Што знае многу, високо наобразуван.
Англиски:
educated
учените луѓе
Спротивно од:
неучен (прид.)
2.
навикнат
Англиски:
used
Учени сме ние и на добро и на лошо.
Тој не е учен на горештина, затоа не верувам дека ќе остане подолго време во Африка.
Моето стадо е учено и без овчар, само си пасе.
Слично со:
навикнат (прид.)