уште
Вид збор: Прилог
Ранг: 82
1.
Означува придоаѓање, додавање ново количество кон даденото или повторување на означеното дејство.
Англиски:
additionally,
more
Албански:
më shumë
Уште десетина души дојдоа, откако си отиде ти.
Испи уште една чаша вино.
Тури уште малку.
Прочитај го писмото уште еднаш.
2.
Временски - додавање, продолжување и определување на времето од еден даден момент.
Англиски:
more
Остани уште денеска.
Чекај уште малку.
Уште два дена ќе бидат готови чевлите.
3.
Продолжување; траење на дејството или состојбата - до моментот кога се говори.
Англиски:
still
Уште јаде.
Уште си млада и зелена.
Уште не знае дека е син му загинат.
Детето уште не е заспано.
Слично со:
досега (прил.)
4.
За означување време и место - дека дејството се извршило или ќе се изврши во посочениот ден или место.
Уште денеска ќе појдам кај него.
Уште истиот ден, кога се спријателивме, веќе се скаравме.
Јас уште вчера знаев за тоа.
Уште како дете.
Уште во младоста.
Уште таму ти реков дека немам пари.
Уште во Париз разбравме дека сте болни.
5.
При компаратив - за засилување.
Англиски:
more
Сестра ѝ е уште поубава.
Тој е уште помајстор од тебе.
Уште повеќе.
Дури и уште повеќе.
6.
При негирање: пред да.
Англиски:
before
Уште не го испитал, а го оценува.
Уште недојдена војската, ние избегавме.
7.
сè уште
Англиски:
still
Сѐ уште не добив одговор.
Сѐ уште е во опасност.
Сѐ уште немам детали.