а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фатен

фатени
Вид збор: Придавка
Ранг: 4862
1. (глаг. прид.) фати
Англиски: caught
2. За дел од телото - што изгубил способност на движење, што е доведен во состојба на парализа, што е неподвижен, парализиран.
Англиски: paralysed
Употреба: Медицина
Примери:
Лежеше пет месеци фатен.
Со фатени нозе.
(разг.) Фатен е во рацете.
3. Што е уловен.
Англиски: caught
Примери:
Тазе фатената риба за мезе.
4. Што е оневозможен да функционира, одземен.
Англиски: paralysed
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гласот му е фатен.