а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

физички

физичка
Вид збор: Придавка
Ранг: 1385
1. Што се однесува на физиката како наука; што се однесува на појавите со кои се занимава физиката.
Англиски: physical Албански: e fizikës
Употреба: Физика
Примери:
физички закони и појави
физичка лабораторија
физичка хемија
2. Што се однесува на телото на човека.
Англиски: physical Албански: fizike
Примери:
физичка болка
физичко здравје
физичко пресметување
3. Што се сврзува со суштествувањето на живите суштества.
Англиски: physical Албански: fizike
Примери:
физичко истребување
4. Што се однесува на дејноста на мускулите на живите суштества.
Англиски: bodily Албански: trupore, fizike
Употреба: Медицина
Примери:
физичка работа
физички работник
физичка сила
физичка култура
5. Во правото, за човек.
Англиски: private Албански: fizik, privat
Употреба: Правда
Примери:
физичко лице