фирмарина
мн. фирмарини
Вид збор: Именка, женски род
Вид такса што се наплатува од сопственикот на фирма.
Примери:
Градските власти веќе испратиле опомена до сите правни лица кои не ги намириле долговите за данок на имот и за комунална такса, односно фирмарина.
Си ги плати долговите за кирија, плати, пензиско, социјално, греење, струја, вода, ѓубре, фирмарина.
Вид: давачка (ж.)