а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

формула

мн. формули
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4826
1. Краток и точен израз, образец, определба на нешто; стереотипна фраза, правило.
Англиски: formula Албански: formulë
Примери:
Во животот нема готови формули.
Тоа е неговата политичка формула.
2. Во некои науки - условни знаци со кои се изразуваат извесни големини, односи, состави, елементи и сл.
Англиски: formula Албански: formulë
Примери:
математичка формула
хемиска формула
3. Класа на автотрки според Меѓународната федерација за автомобилизам кои се одржуваат секоја година на наменски изградени писти, а во неколку случаи и на градски улици.
Англиски: formula
Употреба: Спорт