а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

херој

мн. херои
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2495
1. Лице што се одликува со извонредна храброст.
Англиски: hero Албански: hero
Примери:
херој на Народната револуција
Падна со смртта на херој.
херој на трудот
2. Главно лице на некој настан, лице што го привлекува вниманието.
Англиски: focus Албански: hero
Примери:
Не сакајќи тој стана херој на денот.
херој на улицата
3. Лице што ги овоплотува карактерните црти на својата епоха, средина.
Англиски: embodyment Албански: personalitet, hero
Примери:
херој на нашето време
херој на нашите дни
4. Главно лице во уметничко дело - роман, пиеса и сл.
Англиски: main character Албански: hero, personazh
Примери:
Главните херои на романот се лица од народот.
хероите на Горки