хоризонт
мн. хоризонти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3380
1.
Привидна граница на небото и Земјината површина; видлива далечина.
Примери:
Видлив хоризонт. Се скри зад хоризонтот.
На хоризонтот ништо не се гледаше.
(разг.) Се појави на хоризонтот.
Исчезна од хоризонтот.
2.
Круг на знаења, идеи, интереси.
Примери:
Дојде од странство со раширени хоризонти.
Слично со:
видокруг (м.)
3.
(обично само во множина) можности, перспективи
Примери:
Се отворија нови хоризонти за науката.