а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цар

мн. цареви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 650
1. Титула на владетел во некои земји; лице што ја има оваа титула.
Англиски: czar Албански: perandor
Примери:
Руски, турски цар.
Си бил еднаш еден цар.
Честити царе.
цар Самуил
2. Највиден претставник на некоја група, тој што ги надминува сите во некој однос.
Англиски: king Албански: mbret, perandor
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цар на животните.
Цар на гангстерите.
Змиски цар.
Изрази
(посл.) На царот данокот, на попот колакот.
(посл.) Среде слепи ќоравиот е цар.
(посл.) Што нема и царот не јаде.
Царот на мувите – се вели за човек кој не е ништо а се прави важен.
Цар далеку, бог високо.
Што на царот, не и на голтарот.
(разг.) Живее како цар.