цвеќе
мн. цвеќиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 796
1.
Растение со лисја и цвет.
Примери:
Во градината имаше засадено многу цвеќиња.
Тие цвеќиња имаат убава миризба.
Цвеќињата уште не развиле.
Одгледува цвеќиња.
зимско цвеќе
планинско цвеќе
полско цвеќе
собно цвеќе
Вид: растение (ср.)
2.
Рачка со цвет од такво растение.
Примери:
венец од цвеќиња
Набра две китки цвеќиња.
Кити со цвеќе.
букет цвеќиња
вештачки и природни цвеќиња
3.
(само едн.) Нешто споредбено убаво.
Примери:
Сега таа му се виде цвеќе.
Твојата мака е цвеќе според мојата.
Слично со:
убавина (ж.)
4.
женска месечница
5.
сипаници
Слично со:
сипаница (ж.)
Изрази
(посл.) Со едно цвеќе лето не иде.
Цвеќето се бере дури е росно.
Не е цвеќе за мирисање - има мани и недостатоци.