а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цевка

мн. цевки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1905
1. Шуплив градежен или машински елемент за пренос на материи во течна или гасовита состојба или за користење како структурен елемент.
Англиски: pipe Албански: gyp, tubë
Примери:
цевката на револвер, топ, пушка
железна, оловна, стаклена цевка
водоводна цевка
(разг.) Ќе дувне в цевка.
2. (шуплив цилиндар) Калем, обично од дрво, за мотање преѓа при ткаење.
Англиски: reel Албански: çikrik, rrotkë
Примери:
Моташе цевки.
Изведенки
цевчест прид.
цевчести