а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цеди

цедат; цедел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4206
1. Пропушта течност низ цедило за да се пречисти.
Англиски: sieve Албански: sitë
Примери:
Цеди млеко.
2. Со притискање извлекува сок.
Англиски: wring out Албански: shtrydh
Примери:
Цеди лимон.
Цеди мед.
3. Подложува на строгост, на строг избор.
Англиски: squeeze Албански: shtrydh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Професорот многу ги цедеше кандидатите.
4. Зборува низ заби.
Примери:
Одвај ги цеди зборовите.
5. (се цеди) Истечува капка по капка.
Англиски: drip Албански: pikon
Примери:
Ракијата се цедеше во садот.