цел
мн. цели
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 565
1.
Нешто кон кое се стреми човек, што сака да го постигне.
Англиски:
goal
Албански:
qëllim, cak
Тој имаше една цел во животот: да ги изведе на пат децата.
Си ја постигна целта.
Се стреми кон исти цели.
Со каква цел?
Со таа цел, за тие цели.
Благородни, добротворни, хумани, наши цели.
(разг.) Со цел да (се постигне, постига).
Слично со:
одредиште (ср.)
2.
намера, умисла
Примери:
Нивната цел беше јасна: да го омаловажат успехот.
3.
Точка во која се нишани; точка до која треба да се стигне.
Примери:
Погоди во целта.
Ја промаши целта.
Сите атлетичари пристигнаа заедно на целта.
Целта на трката е во Скопје.
Изрази
Целта ги оправдува средствата.
(разг.) Има задни цели.