цел
цели
Вид збор: Придавка
Ранг: 137
1.
Од кој ништо не е одземено, ненакршен.
Примери:
Лебот остана цел.
(разг.) Цел-целеничок и цел-целеличок.
2.
Што не е повреден, скршен.
Англиски:
intact
Албански:
i padëmtuar
Ми падна шишето и пак остана цело.
Спротивно од:
скршен (прид.)
3.
Што е во полн состав, без исклучок; при укажување нешто многу на број, количество и сл.
Англиски:
complete
Албански:
i plotë, komplet
Целиот собир ги прифати неговите предлози.
Целото село се собра да ги пречека гостите.
Целиот град излезе на улици.
Слично со:
комплетен (прид.)
4.
Што трае непрекинато определено време.
Примери:
Цел ден го чекаше на врата.
Цела ноќ око не затворив.
(разг.) Цел божји ден.
Цела вечност.
Слично со:
полн (прид.)
5.
Што се приближува кон вистински, суштински.
Англиски:
whole
Албански:
gjithë, krejt
Се разиграа гостите - цела свадба.
Цел маж си станал.
Слично со:
вистински (прид.)