а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

црква

мн. цркви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 414
1. христијански храм
Англиски: church Албански: kishë
Употреба: Архитектура и градба , Религија
Примери:
Селото имаше убава нова црква.
Се венчаа в црква.
Соборна црква.
2. Служба во христијански храм.
Англиски: service Албански: shërbim
Употреба: Религија
Примери:
Денеска нема црква.
Требало владиката да служи црква.
Чука за на црква.
Пушти црквата.
3. Организација што го раководи религиозниот живот на христијаните.
Англиски: organisation Албански: organizatë
Употреба: Религија
Примери:
Православната црква во Македонија.
Црквата е одделена од државата.
Изрази
(разг.) Нашол црква кај да се крсти.
Од арата мандало, од црква клепало.
Црква направи - направи добро дело.
Црква расипа - ја расипра работата некому.