чаша
мн. чаши
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 659
1.
Сад за пиење течност.
Примери:
винска чаша, пивска чаша, ракиена чаша
Чаша за чај.
срчена чаша
Крева (дига, пие) чаша (при наздравување).
2.
Количество течност со која е наполнет таквиот сад.
Примери:
Испив неколку чаши вино.
чаша чај, чаша вода
Слично со:
количество (ср.)
Изрази
(разг.) Во чаша да го (ја) пиеш (испиеш).
(разг.) Горчлива чаша.