чини
чинат; чинел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 222
1.
Во литературниот јазик поретко, во одделни обрати и состави: прави, врши.
Примери:
Што да прави, што да чини, кутрата!
Кога нејќе да слуша, што да му чинам (што да му правам)!
(поет.) Чинеа злости без број.
Ете не идам, што ќе ми чиниш.
Слично со:
прави (несв.)
2.
Во состави со разни именки.
Примери:
Чини кавга, чини метании.
(нар. поез.) Чини зговор.
Чини лакрдии, чини дикат, чини мукает.
4.
(непреод.) чини, работи, постапува, се однесува
Примери:
Добро чиниш што си стоиш настрана.
5.
вреди, има одредена вредност, има цена.
Примери:
Ова не чини ни педесет гроша.
Колку чини шапкава?
(разг.) Чини пари.
Е, тоа ти чини пари.
Толку (пари) чини.
Колку пари чини што си тука, кога ништо не работиш.
Слично со:
вреди (несв.)
6.
колку (само) вреди
Англиски:
value
Албански:
vlenë, bën
Колку пари чини денеска тоа што си имате своја куќа.
Ни пет пари не чини.
Слично со:
вреди (несв.)
7.
вреди, добар е
Примери:
Така, значи, јас не чинам, а ти чиниш.
Оваа работа воопшто не чини.
Тоа не ти чини.
Не ти чини тоа што го правиш.
(разг.) За ништо не чини.
8.
Со кратките форми на личните заменки за индиректен предмет.
Примери:
Ако ми чини.
Ако ти чини земи го, ако не - не мораш.
9.
Обично со негација, но може и без неа.
Примери:
не чини, не е убаво, не треба
Не чини така да зборуваш пред постари.
Јас знаев сè, туку не чинеше да кажам пред неа.
Чини ли да си го тепаш брата си, бре, магаре ниедно!
10.
(во модална употреба) може, добро, во ред
Примери:
Сакам ти да ја свршиш оваа работа - чини, ќе ја свршам, зошто да не.
11.
Во конструкција со императивен облик на свршените глаголи означува дека дејството се повторува.
Албански:
bën kështu e ashtu
Тој чини фати го и пак пушти го.
По некоја жена чинеше појави се на порта, и пак тргни се.
12.
смета, мисли
Примери:
Чиниш дека никој не те виде.
Но јас чинев дека спиеш.
Чинам дека немаш право.
13.
(се чини) Само 3 л. еднина со кратките форми на личните заменки за индиректен предмет во модална употреба.
Примери:
Ми се чини дека...
Така ти се чини.
Се чини...
Времево, се чини, ќе се расипе.
Како што се чини.
14.
Замислувајќи се себе си, сметајќи се себе си.
Примери:
Се чинел поумен од другите.
15.
станува
Примери:
Од ден на ден сè полош се чинеше.
Како други домаќини што се чинат.
16.
Со перфективно значење: станува, постанува, се претвора
Примери:
Ќе се чинам калуѓерка.
Ќе се чинам едно пиле.
Изрази
(нар. поез.) Евреи свадба чинеа.
(нар. поез.) Чини си дикат невестата.
(нар. поез.) Колку ти чини трлото, толку ми чини грлото.
Чини измет - помага, служи, двори.