чувствителен
чувствителни
Вид збор: Придавка
Ранг: 5073
1.
Кој лесно се оддава на чувства, кој лесно се разнежува.
Англиски:
sensitive
Албански:
i ndieshëm
Тој е поетска, чувствителна природа.
чувствително срце
чувствителна душа
Спротивно од:
нечувствителен (прид.)
2.
Осетлив, што реагира, што лесно се засегнува, се навредува и сл.
Англиски:
sensitive
Албански:
i ndieshëm, i prekshëm
Со тебе човек не може да се пошегува, многу си чувствителен.
Слично со:
осетлив (прид.)
3.
Осетлив - за органи и делови на телото.
Примери:
чувствителна кожа
чувствителен стомак
4.
Осетлив - за апарати, уреди, предмети, боја и сл.
Примери:
Овие бои се многу чувствителни на светлина.
чувствителен механизам
5.
Поголем по размери, значителен, осетлив.
Примери:
чувствително покачување на температурата
чувствително подобрување
чувствителна загуба
Слично со:
значителен (прид.)