чуден
чудни
Вид збор: Придавка
Ранг: 577
1.
Што буди чудење, необичен.
Англиски:
strange
Албански:
i çuditshëm
Ноќеска видов чуден сон.
Што е најчудно при тоа.
чуден вкус
Чудно чудо, чудна чудесија.
чудна работа
чуден човек
Јас ништо чудно не гледам во тоа.
2.
Прекрасен, што буди восхитување со својата убавина, со своите позитивни својства.
Англиски:
wonderful
Албански:
i mrekullueshëm
Чудна снаа имате.
Чудно лето е ова.
Чуден пример ми покажа, синко.
3.
За својство, способност - што е застапен во поголема, необична мера.
Англиски:
unusual
Албански:
i jashtëzakonshëm
чудна убавина
Тоа тој го сврши со чудна брзина.
Тој покажа чудна истрајност.
4.
зачуден
Примери:
Жената влегла и останала чудна.