чуди
(се) чудат; чудам, чудиме, чудете; чудел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1053
1.
прашува, изненадува
Примери:
Тоа никого не го чуди.
Ме чуди што не пишува.
Слично со:
изненадува (несв.)
2.
Изненаден е, испитува особено чувство од нешто необично.
Примери:
Се чудам како можеше тоа да го речеш.
Нема зошто да се чудиш, тоа е така.
Слично со:
изненади (св.)
3.
(се чуди) се восхитува
Примери:
Нека те види и нека ти се чуди секој.
Да се чуди и мало и големо.
Слично со:
восхитува (несв.)
4.
(се чуди) Напорно мисли, размислува околу нешто, како да направи нешто.
Примери:
Се чудам како ќе излеземе на крај.
Се чуди што да прави.
Изрази
(разг.) Ти се чудам на умот - не те разбирам.