а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

шампањ

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13992
1. Заштитено име на француско пенливо вино од областа Шампања.
Англиски: champagne Француски: champagne Албански: shampanjë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Наздравивме со шампањ.
2. Пенливо вино без оглед на потеклото.
Англиски: sparkling wine Француски: champagne
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
евтин шампањ
3. Боја на шампањ, многу светло белузлаво-жолта.
Англиски: champagne Француски: champagne