а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

шегува

(се) шегуваат; шегувал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3653
1. Кажува, прави шеги.
Англиски: joke Албански: tallem
Примери:
Сношти беше тој многу весел: раскажуваше, се смееше, се шегуваше.
2. Тера, се бие шега со некого.
Англиски: joke Албански: tallem
Примери:
Јас не дозволувам со мене да се шегувате.
3. Говори, прави нешто на шега, несериозно.
Англиски: joke Албански: tallem
Примери:
Се шегува, нема да те казни.
4. Само со негација: не се шегува - постапува, работи сериозно, енергично, како што треба.
Англиски: joke Албански: tallem
Примери:
Учи, бре синко, не шегувај се!
Кога работам, јас работам, не се шегувам.