шине
шинат; шини, шинете; шинав, шинаа; шинал; шинат; (ќе) шинев, (ќе) шинеа; шинел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19321
1.
Истегне, повреди, свитка, измести од нормална положба дел од човечкото тело.
Примери:
Го шинал коленото.
2.
(се шине) Се повредува, се убива со измесување на зглоб.
Примери:
Тој се шина во десната нога.
Слично со:
повредува (несв.)
3.
(се шине) Се убива од работа, напор, вршејќи некоја работа,
Примери:
Денеска претерав работејќи! - Како да не, се шина!
Изрази
Шине врат по некого - премногу се загледа, се занесе во некого.