што
Види и:
што (зам.)
Вид збор: Прилог
Ранг: 123
1.
Во прашање за причината на дејството.
Англиски:
why
Што си замислен?
Што ме гледаш така?
Слично со:
зошто (прил.)
2.
Во прашање за вредноста на нешто; колку?
Англиски:
how much
Кажи ми сега што ти чини сето ова, па да ти платам.
Што вреди (чини) оваа нива? Ништо!
3.
Со компаративи на прилози и придавки; колку може, колку што може.
Англиски:
as much
Гледај што побргу (колку што може побргу) да се вратиш.
Што подобро.
Нека биде што поголем (колку што може поголем).
4.
При изразување желба.
Англиски:
why
Ех, што не е тука сега татко ти, да те види како работиш.
Слично со:
зошто (прил.)
5.
Во извични реченици - за израз на восхит, чудење, укор; колку, колку многу, како многу.
Што е прав внатре! (колку многу прав има внатре!)
Што сме се смееле! До солзи!
Што е убаво езерото!
6.
Во состав со повторен глагол означува дека дејството се извршува пократко време, само, извесно време.
Чекал што чекал, па си отишол.
7.
Со повторен глагол „прави“, „чини“ во идно време.
Прави што ќе правиш.
8.
Во состав со: каде, како, колку.
Каде што сакаш, таму ќе одиме.
Како што разбрав, сите ќе одиме, така?
Езерово не е многу длабоко колку што видов.
9.
(во состав со туку) што туку, туку што
Што туку викаш.
Не е важно кога, туку што вечераш.