штракне
штракнат; штракни, штракнете; штракнав, штракнаа; штракнал; (ќе) штракнев, (ќе) штракнеа; (ќе) штракнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18634
1.
Испушти остар, испрекинат звук.
Англиски:
snap
Тој штракаше со запалката и си поигруваше со огнот.
Слично со:
штрака (несв.)
2.
Произведе звук, плесне со рацете или со прстите.
Англиски:
snap
Еднаш да штракне со прстите и сите ќе ги избрка.
3.
(се штракне) Се помести со умот, побудале, прави ненормални работи.
Примери:
Таа се штракна, зборува само некои чудни работи.